Во изминатите 24 часа во Индија како резултат на последици од новиот коронавирус починаа 900 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи над 50 000.
Индиското Министерство за здравство соопшти дека починале 50 921 луѓе, со што земјата е на четвртото место по бројот на починати луѓе, зад САД, Бразил и Мексико.
Во земјата со Ковид-19 се инфицирани 2,6 милиони луѓе, додека експертите стравуваат дека нивниот број е многу поголем.
Во меѓувреме, индискиот премиер Нарендар Моди во саботата изјави дека се врши тестирање на три потенцијални вакцини и ако се докаже дека се ефикасни ќе биде произведено соодветно количество.