Во Прилеп денеска се регистрирани 11 нови заразени и 8 активни кластери

Во Прилеп денеска се регистирани 11 нови случаи заразени од ковид-19, едно лице е починато, а две се заразени во соседната општина Долнени. Од почетокот на месец август досега има…

Во Прилеп денеска се регистирани 11 нови случаи заразени од ковид-19, едно лице е починато, а две се заразени во соседната општина Долнени. Од почетокот на месец август досега има нови 92 случаи посочија на денешната прес-конференција од Центарот за јавно здравје Прилеп.

– Триесет и еден отсто од новозаразените се на возраст од 20 до 39 години. Има голем број на асимтопатски кои го пренесуваат висурот кај повозрасните. Дваесет и две новозразени лица се на возраст од над 60 години. Имаме детектирано осум активни кластери со 52 заболени лица, кои сите се на домашно лекување. Моментно во болница на лекување се 14 лица. Починатиот е на 81 година и со претходни болести – вели епидемиологот Татјана Станимировиќ од ЦЈЗ Прилеп, посочувајќи дека заразувањето се должи на семејни собири, а пак некои од заразените случајно се откриваат при тестирање заради патување.

Инаку, вкупната бројка на заразени во Прилеп од почетокот на вирусот е 425.

Во текот на денешниот ден министерството за здравство регистрираше 119 нови случаи на заразени, 5 починати и 2829 активни случаи на територијата на Република Македонија.


Related Articles