Во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 11 598 граѓани. Досега во државава се аплицирани 290 829 дози на вакцини, а заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 231 014 граѓани. Ревакцинирани се 59 815 лица, а со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Според информациите кои доаѓаат од Министертсвото за здравство, бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 427.535 граѓани. Во моментов се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Во изминатиов период се вакцинираа и хронично болните, трансплантираните, а ќе започне и вакцинирањето на лицата со ретки болести.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.