На територијата на Република Македонија, во текот на изминатото деноноќие (27/28.05.2021) се регистрирани 212 прекршоци во однос на мерката за носење на лична заштита на лице.

Од 00.00 часот до 04.00 часот (28.05.2021) констатирано е дека шест лица не ја почитувале забраната за движење.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.