Ако остане мирна тука состојбата во однос на смртните случаи и хоспитализирани, единствена препорака ќе остане вакцинацијата. Јас на пример немам проблем да примам четврта доза, доколку е потребно. Можеби ќе биде некоја што ќе штити од сите варијанти, бидејќи веќе добиваме нови, посочи микробиологот и доктор Никола Пановски во синоќешното телевизиско гостување.

Според него, за жал имаме случаи каде и со две дози, луѓето нѐ напуштаат од овој свет.

– Некои не стигнаа за да примат трета доза. Веројатно се хронични болни. Непријатно е да се бара од Министерството за здравство да каже со која вакцина биле имунизирани починатите. Со тоа се прави паника. Меѓу редови знам кои вакцини помалку штитеа, појаснува д-р Пановски и уште еднаш повтори дека најдобро поминале прележаните кои примиле две дози вакцина.