Во штипската модуларна болница во рок од 24 часа починаа четворица пациенти. Станува збор за пациенти на возраст од 66 до 89 години од Штип, Кочани и селата Лески и Подареш.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека пациентите кои се лекуваат во модуларната болница се со тешка клиничка слика, со воспаленија на двете белодробни крила и со други наоди и болести.
Во моментов во болницата од 38 пациенти, само четворица не се на кислородна поддршка. Во кожното одделение се лекуваат осуммина и тоа се пациенти, кои се стабилизирани и за неколку дена се очекува да заминат дома.