Вработените од Штипската фабрика за чевли „Баргала“ веќе втор ден протестираат во дворот на фабриката. Тие бараат од раководството во компанијата да направи корекции на платите за март, април и мај како и исплата на задоцнетата плата за месец јули. Исто така посочуваат дека и други фирми ги трпат последиците од пандемијата, но сепак нивните вработени земале плати и К15.
Една од вработените во фабриката вели дека не земале ни минимална плата од 10 500 денари, а не сакаат фабриката да се затвори ниту одбиваат работа, туку само сакаат да бидат исплатени, да имаат здравствено осигурување и се да биде нормално.
Поддршка за барањата на вработените изразуваат и од Здружението „Гласен текстилец“, како и од Синдикатот кој што ги води преговорите на состаноците со раководството на фабриката.
Кристина Ампева од Здружението „Гласен текстилец“ во изјава за медиумите, вели дека има вработени со кредити, со неплатени сметки и згора на се, вработените се мачат и со протести и да трпат мобинг од газдите и работодавачите, не е хумано.
Ампева посочи дека ќе им понуди правна помош, со тоа што преку Трудовиот испекторат ќе побара интервенција за да се дадат плати, па подоцна ќе поразговараат со првиот синдикалец на ССМ за решавање на состојбата.