JП Паркинзи на Општина Центар во текот на минатата недела казни 263 возачи за непрописно паркирање.

Во периодот од 09 до 15 декември, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 151 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 112 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици“, велат од Општината.