Болничарите во Психијатриската болница Демир Хисар неодамна поднеле барања и тие да дежураат, исто како и докторите и медицинските сестри. Ова, како што сведочат извори за Здравство.мк, следи откако на болничарите им ги укинале дежурствата.
-Дежурствата на болничарите постојат откако знам дека постои болницата, велат упатени.
Иако болничарите се во првите редови или работат и на прием на пациенти комплетно се заборавени. Претходно имале прва смена до 15 часот, и дежурство од 15 часот до следниот ден до 8 наутро.
Сега за да им се скратат средствата што ги добиваат за дежурство, раководството на болницата им одредило да работат прва смена и втора смена или ноќна која не се води како дежурство и не се плаќа дополнително.
-Работиме со специфични пациенти на првата линија сме, а не забораваат, велат болничарите.
За укинувањето на дежурствата тие се обратиле до министерството за здравство, но добиле одговор дека „ не се дел од медицинскиот персонал“.
-Како е можно да не сме дел од медицинскиот персонал, зачудено прашуваат и додаваат дека побарале одговор доколку не се медицински персонал тогаш каде спаѓаат. Но, без одговор.
Инаку болничар во Психијатиската болница зема околу 14 илјади денари, а докторите околу 90 илјади денари.