Денеска нашето училиште беше домаќин на директорката на Институт за јавно здравје на Република Македонија Марија Андоновска, и нејзиниот соработник Марко Младеновски. Тие пред нашите ученици од средното образование, здравствена струка, го претставија значењето на јавното здравје, а заедно со нив направивме чекор напред во достапноста!, информираат од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов – Скопје.

За првпат, промотивни материјали од Институтот за јавно здравје беа адаптирани на Брајова азбука! Сега нашите ученици ќе имаат подостапни информации за заштита од грип, здрава исхрана и физичка активност.

Нашата мисија е јасна – сите институции да станат подостапни за лицата со оштетен вид!

Ова е само почеток! Со Институтот за јавно здравје договоривме идна соработка за уште поголема инклузивност!

Заедно креираме општество без бариери!, стои во објавата на училиштето.