Во месец февруари, регистрирани се двa случаи на заразни заушки од Тетово. Првиот случај е 8-годишно дете вакцинирано со две дози МРП вакцина. Вториот случај е 2-годишно дете кое не е вакцинирано иако според редовниот Календар за имунизација подлежи на вакцинација. Дијагнозата во двата случаи е поставена клинички. Во месец февруари, регистрирани се и два случаи на голема кашлица. Првиот случај е 10-
месечно дете од Скопје, вакцинирано со една доза вакцина која содржи компонента против голема кашлица, кај кое дијагнозата е клинички и лабораториски докажана. Вториот случај е 6- месечно дете од Кочани. Во однос на вакциналниот статус детето не е вакцинирано против голема кашлица. Дијагнозата е поставена клинички. Регистриран е и еден случај на инфекција со ХиБ кај 2-месечно дете од Скопје, кое не вакцинирано против ХиБ.
Министерот за здравство Венко Филипче уште пред еден месец најави дека ќе работат на зголемување на опфатот на имунизација се со цел да се превенира враќањето на опасните заразни болести кои биле искоренети пред 40 години. Но засега нема најави за конкретни мерки. Филипче најави и воведување две нови вакцини една за ротавирус и пнеумокок, но без прецизирање кога.