Косовските власти по намалувањето на бројот на заразени и починати од Ковид-19, најавуваат укинување на забраната за одржување веселби и свадби. Од средината на следниот месец се очекува оваа најава да стапи на сила, а албанскиот министер за здравство, Албен Витиа, соопшти дека се очекува и укинување на полицискиот час.

Овие предлози по однос на олеснување на мерките ги разгледуваа на средба денеска министерот за здравство Албен Витиа и Асоцијацијата на општините на Косово (АОК). Тие посочија и дека се очекува да се дозволи угостителството да работи до 24 часот, а организацијата на свадбите се очекува да биде дозволена од 15 јуни.

На 18 април Владата на Косово воведе општи мерки на ниво на државата за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои се забрани движењето од 22.30 до пет часот наутро, додека на бизнисите им се дозволи да работат до 22 часот.