Во светот се уште се јавуваат случаи кои по вакцинација против Ковид-19 повторно се заразуваат со истиот. Ваквите случаи се реткост, но сепак имунолошкиот одговор кој се создава во телото помага во борбата против инфекцијата.

Од центарот за контрола и превенција за болести ниту го потврдуваат ниту го негираат ова тврдење, но велат дека „постојат некои докази дека вакцинацијата може болеста да ја направи помалку сериозна“. На пример, околу 27 отсто од откриените инфекции по вакцинација биле асимптоматски. Тоа не значи дека сериозни исходи не се невозможни.

Кога станува збор за тоа да се утврди кој е поподложен на повторно заразување не постојат јасни докази дали мажите или жените се во поголема опасност. Од центарот за контрола и превенција за болести посочуваат и дека се уште не се знае комплетната ефикасност на вакцините, за жал само времето ќе покаже.

Од СЗО посочуваат дека вакцините против ковид 19 кои се моментално достапни овозможуваат силна заштита, но многу е важно и понатаму да се води грижа за личната безбедност.

– Ако сте во близина на луѓе кои не се вакцинирани или сте во близина на некој кој не смее да се вакцинира, ако сте во простор со лоша вентилација (лифт) или во гужва, би требало да носите маска, вели Тејлор Нелсон од центарот за контрола и превенција за болести.