Богато со природни антиоксиданси, калиум и витамин Ц.

Вкусот и придобивките од ова смути се збогатени со грст боровинки, неколку лажици нектар од агава кој дава сладост и прстофат рузмарин и свеж босилек.

Состојки:

сок од 2-3 средни лимони
470 мл вода
225 гр боровинки
2 лажици нектар од агава или мед
2-3 листови рузмарин и босилек

Подготовка:

Овошјето и билките исчистете ги, исцедете го лимонот и сè ставете во блендер.

Направете смути и пијте веднаш или по додавање на коцки лед.