Во последните 24 часа, 16 пациенти се примени на Клиниката за инфективни болести, со што бројот на хоспитализирани лица е на 93. Има уште 17 слободни кревети, па викендов не се исклучува можноста да се активираат дополнителни модуларни простории во дворот на клиниката. Во моментов, има 44 пациенти на кислородна терапија, но нема приклучени на вештачко дишење.
До утринските часови, во болницата „8 септември“ во Скопје се примени други 16 пациенти. Моментално во оваа болница се лекуваат вкупно 60 пациенти од Ковид-19, 10 се на вештачко дишење, а 11 други во многу сериозна здравствена состојба.
Полни се и болниците во другите градови. 25 пациенти се лекуваат во Битола, 23 во Штип, а во одделенијата за инфективни болести во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп, се хоспитализирани вкупно 31 позитивен пациент.