Жените кои имаат прележано Ковид-19 се соочуваат со следниов пост ковид симптом

Кај жените кои прележале Ковид-19, забележани се различни компликации на менструалниот циклус, посочува гинекологот Вања Милошевиќ од Србија. Таа објаснува дека промените вклучуваат доцнење или отсуство на циклусот, тој се…

Кај жените кои прележале Ковид-19, забележани се различни компликации на менструалниот циклус, посочува гинекологот Вања Милошевиќ од Србија. Таа објаснува дека промените вклучуваат доцнење или отсуство на циклусот, тој се нарушува и волуменски, односно трае подолго или пократко. Др.Милошевиќ потенцира дека причините с еуште неможат точно да се дефинираат, но забележано е дека не се долготрајни.

– Не можеме точно да зборуваме за причините, но она што е исто така карактеристично, што оди со менструацијата, познатиот ПМС, и сите состојби кои ја придружуваат менструацијата – болки, тахикардија, респираторни нарушувања, сето тоа некако оди со појавата на симптомите на вирусот Ковид-19, генерално, сето тоа трае колку што трае вирусот, вели др. Вања Милошевиќ.

По престанокот на симптомите овие состојби се враќаат во нормала, посочува докторката.

– Од нашето искуство утврдивме дека по престанокот на симптомите овие состојби се враќаат во нормала. Она што исто така го научивме е дека и ова е прашање на стрес и хормони мора да биде дел од севкупна анализа. Наша препорака е да се обратите кај вашите гинеколози доколку забележете вакви појави, вели др. Милошевиќ.


Related Articles