Драги сограѓани,
Вчера остана не забележан еден голем скандал, за кој би сакала јавно да проговорам.
Имено Петре Шилегов и Градот Скопје НЕ беа дел од чествувањето на 148год од раѓањето на македонскиот национален херој Гоце Делчев.
На прашањето зошто, администрацијата на Град Скопје ми одговори дека немало делегација на чествувањето на Великанот, оти поканата за настанот им стигнала вчера, на самиот ден на настанот?!?

……..оооооооооккккккк, аха, тоа е тоа…толку!, ова денеска во статус на својот Фејсбук профил го истакнува актерката Јелена Жугиќ.

-Па драги пријатели,
Дали мислите дека протоколот на Влада или кој и да го “кани” Градоначалникот на Град Скопје на овој величенствен чин, заборавил уредно, навремено да го покани?!? И ок еве и да заборавил, Градоначалникот и делегација од Град Скопје секоја година се дел од овој свечен чин и зарем и професионалната администрација, силните ПР советници, шефови на кабинет, лични асистенти…сите заборавиле ем на денот ем да го потсетат првиот човек на Градот?!?
Од тука логично ми се наметнуваат неколку прашања:
-Ќе сноси ли некој одговорност за овој скандалозен пропуст?
-Го избриша ли Градоначалникот на Град Скопје овој ден, денот на раѓањето на Делчев,од агендата на значајни настани?!?
-И најпосле се откажа ли Петре и Управата на Град Скопје во духот на “добрососедските односи” од ликот и делото на Гоце Делчев?!?

Гоце-Срцето на револуционерна Македонија, нека ти е вечна Славата Даскале, 148год твојот живот е наш патоказ, а твоите думи наша инспирација и да и ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ🔆🔆🔆, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.