Зрнестата или житна диета се базира на уникатните квалитети на житарките. Тие се богати со растителни влакна кои се многу поволни за организмот, па затоа оваа диета е базирана главно на целите зрна.
Целите зрна се богат извор на селен, кој има антиоксидантно дејство и ги неутрализира штетните слободни радикали. Тие исто така ја олеснуваат елиминација на холестеролот од организмот, а тоа штити од висок крвен притисок и кардиоваскуларни болести. Целите зрна ја забавуваат апсорпцијата на гликоза, па го спречуваат наглото зголемување на шеќерот во крвта после јадење.
Освен тоа, целите зрна брзо заситуваат, ја стимулираат цревната перисталтика и спречуваат појава на запек. Според повеќето нутриционисти препорачаната дневна доза на растителни влакна за возрасните е 30 – 40 г, а за децата – по 5 г на кг телесна тежина.
Зрнестата диета ја обновува работата на гастроинтестиналниот тракт. Го снабдува организмот со биоактивни материи, витамини, минерали и целулоза и тотално го прочистува од сите наталожени токсини. Во оваа диета се забранети солта, шеќерот и алкохолот. Зрнестата диета се почитува една недела, секој ден е посветен на некоја житарка.
Зрнеста диета – пример мени
Понеделник – овесни снегулки
200 гр овесни снегулки прлијте ги со 750 мл вода, варете ги 10 минути на тивок оган.
Појадок: 1/2 чаша нискомаслено млеко
Ужинка: 1 чаша овес
Ручек: 1 чаша супа од зеленчук, 1 чаша овес
Вечера: 100 г обезмастена урда, 1 чаша овес
Пред спиење: 1/2 чаша нискомаслено млеко
Вторник – пченични трици
200 г пченични трици прелијте ги со 750 мл врела вода и оставете ги да отстојат
Појадок: 1/2 чаша нискомаслено млеко
Ужинка: 1 чаша пченични трици
Ручек: 1 чаша супа од зеленчук, 1 чаша пченични трици
Вечера: 1 чаша нискомаслен јогурт, 1 чаша пченични трици
Пред спиење: 1/2 чаша нискомаслено млеко
Среда – кафеав ориз
200 г кафеав ориз сварете го во 750 мл вода
Појадок: 1 чаша зелен чај
Ужинка: 1 чаша кафеав ориз со млеко, 1 ч.л мед и малку цимет
Ручек: 1 двопек, 1 чаша кафеав ориз со млеко, 1 ч.л мед и малку цимет
Вечера: 80 гр нискомаслено сирење, 1 чаша кафеав ориз со млеко, 1 ч.л мед и посипете со цимет
Пред спиење: 1/2 чаша нискомаслено млеко
Четврток – леќа
200 г леќата во 750 мл вода, варете ја 10 минути на тивок оган.
Појадок: 1 чаша зелен чај
Ужинка: 1 чаша варена леќа
Ручек: 1 двопек, 1 чаша варена леќа
Вечера: 100 г обезмастена урда, 1 чаша варена леќа
Пред спиење: 1/2 чаша нискомаслено млеко
Петок – јачмен
200 гр јачмен и 750 мл вода, варете го 10 минути на тивок оган.
Појадок: 1/2 чаша нискомаслено млеко
Ужинка: 1 чаша јачмен
Ручек: 1 чаша супа од зеленчук, 1 чаша јачмен
Вечера: 1 чаша нискомаслен јогурт, 1 чаша јачмен
Пред спиење: 1/2 чаша нискомаслено млеко
Сабота и недела – мешани денови
По 50 г јачмен, хељда и овесни снегулки прелијте ги 750 мл вода, варете ги 10 минути на тивок оган.
Појадок: 1/2 чаша нискомаслено млеко
Ужинка: 1 чаша житна каша
Ручек: 1 чаша супа од зеленчук, 1 двопек, 1 чаша житна каша
Вечера: 80 гр нискомаслено сирење, 1 јаболко, 1 чаша житна каша
Пред спиење: 1/2 чаша нискомаслено млеко