Ако спиете помалку од препорачаните 7-9 часа во текот на ноќта, тоа може да доведе до неколку хронични заболувања.

Истражувачите открија нови негативни ефекти од недостатокот од сон.
Во минатото, докажано е дека недостатокот од сон може да влијае и на дигестивниот и имунолошкиот систем, а дополнителното спиење за време на викендите не ја подобрува ситуацијата.
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија, велат дека доколку неколку дена по ред спиете само по неколку часа, храната ќе се препоработува на поинаков начин и непотребните масти се таложат во телото.
Во студијата објавена во списанието Lipid Research, 15 здрави мажи на возраст околу 20 години, поминаа десет ноќи во лабораторијата на Универзитетот. Тие имаа право да спијат само 5 часа.
По будењето, учесниците добија стандардна вечера со малку маснотии, со цел да се процени дали недостатокот од сон може да влијае на нивниот метаболизам.
Истражувачите, според однесувањето на испитаниците, заклучија дека повеќето од нив се чувстувале незадоволно после оброкот, поради ненаспаност.
Беа анализирани и примероци од крв на учесниците. Откриено е дека ограничувањето на сонот може да доведе до побрзо складирање на липидите во крвта после оброкот. Ова може да има ефект врз зголемувањето на телесната тежина.