На денената седница за пратенички прашања, премиерот Зоран Заев одговори на прашање на пратеникот Антонио Милошоски за бизнисот на фамилијата Заеви со канабисот.

„Ништо тајно не работи Владата. Минипулација е да се зборува за дрога. Моето семејство има  своја инвестиција во Свети Николе. Се вработува народ а вредноста е поголема од 100 милиони евра. Пазарот на медицински канабис е 500 милиоони евра и се очекува да стигне над трилиони заради употреба на медицината. Убаво е кога ќе видите детенце со епилепсија веднаш станува нормално со употреба на канабис. Зборувавме за инвестиции“, истакна Заев.