Превземени се сите мерки во Македонија за заштита од корона вирусот, вели  министерот за здравство, Венко Филипче. Според него мерките за безбедност се силни и затоа нема простор за паника.

-Првиот чекор да се детектира некој граѓанин е дали доаѓа од Кина или имал некаков контакт. Доколку имаме таков случај, постои протокол за изолација со посебно возило на Брза помош. Ние уште пред скенирањето знаеме колку заразени пациенти можеме да очекуваме и имаме двојна сигурност. Актерска екипа од МНТ била на 2.000 километри од градот Вухан, тие се скрнирани со термална камера и никој од нив нема симптоми на новиот корона вирус-вели миниастерот Филипче.

Во моментов во Кина се наоѓаат околу стотина Македонски државјани кои се безбедни.