Националниот координатор за здравство на САД им препорача на Американците да не носат маски како превенција од смртоносниот коронавирус. Тој посочи дека неправилната употреба на заштитни маски предизвикува вирусот да се шири повеќе.

„Ризикот за американските граѓани останува низок“, изјави координаторот за здравство, Џером Адамс. Тој посочи и дека постојат работи што луѓето можат да ги направат за да останат безбедни. Постојат работи и што не треба да ги прават. И од работите што не треба да ги прават е пошироката јавност да не излегува и да купува маски.

Тој вели, дека „тоа всушност не помага. Не е докажано дека тоа е ефикасна превенција од ширење на коронавирусот. И всушност луѓето кои имаат тенденција да купуваат маски не знаат како правилно да ги носат.“

Адамс појасни дека „луѓето кои не знаат како правилно да ги носат маските, имаат тенденција многу да го допираат лицето и тоа навистина може да го зголеми ширењето на коронавирусот“.

„Сакам Американците да разберат дека постојат работи кои можат да ги прават за да останат безбедни“, рече тој. „Можете често да ги миете рацете, во траење од 15 до 20 секунди. Останете дома кога сте болни и бидете подалеку од луѓе кои се болни.“

Адамс посочи дека 18.000 луѓе годишно во САД умираат од сезонски грип, во споредба со два смртни случаи неодамна поради коронавирусот.

„Ова е време за претпазливост, а не за паника“, заклучи тој.