Три години од формирањето на Владата, Дамјан Манчевски говори за “евидентни резултати”. Такви резултати имаат само во водењето на нивната капитулантска политика. “Наведната глава сабја не ја сече, но и сонце не гледа”. А не гледа не само поради капитулантската политика, туку и поради криминалците кои не мислат на граѓаните туку само на своите џебови, истакнува заменик министерката Невенка Стаменковска Стојковски.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Од нивниот „План за живот“ идентификувавме дури 65 неисполнети ветувања во однос на Реформата на јавната администрација, развојот на информатичкото општество и медиумите, области кои се под директна надлежност на Министерството за информатичко и администрација.

Во првата година биле обезбедени помалку од 0,5% од потребните средства за спроведување на акцискиот план за Стратегијата за Реформа на јавна администрација, а се доцни со над 50% од активностите предвидени во истиот.

Но затоа, Владата на СДС не се откажува од комодитетот и во истата година обезбедила средства за над 150 луксузни возила. Тоа говори за нивните приоритети!

Но, одговорност ќе има, а судот на народот пристигна.