Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вчера за Телевизија Шења истакна дека однесувањето на владеачката партија е резултат само на нивната предумисла за спас на фотелјата на Зоран Заев.

-Памфлетите кои СДСМ ги делеше во народот пред десет дена во нивната нова нормалност кога излегоа по улиците, дека успешно се справиле со вирусот, слободно можам да кажам дека ова е причината за зголемување на бројот на заболени. Ова е срамно и жалосно, безмилосно и тешка состојба која е предизвикана од СДСМ која стана најголемиот кластер и ширач на коронавирусот во Европа, рече Стоилковски.

Стоилковски критикуваше дека ваквото однесување е неприфатливо и ова не е нов бран туку е втор пик на првиот бран, во ситуација кога цел регион се чисти од вирусот ние броиме илјадници заболени во само 10 дена.

-Ги слушнавме и нападите до јавноста и медиумите од страна на „партиската комисија“ која е дел од оваа безмилосна власт која гази по лешеви само за да го одржи Зоран Заев во фотелја, како беше она се смееле кога ја гледале кривата како се движи, извинете но тоа за мене е безмилосно и најмалку демократија. За мене тоа е доказ дека оние оценки за хибриден режим дадени од релевантните институции и институти , наскоро ќе бидат оценки за авторитарен недемократски режим, вели Стоилковски.