Еден од најсилните антистрес минерали е токму магнезиумот, кој можете да го пронајдете во благиот компир. Овој минерал е неопходен на нашиот организам за здрави артерии, коски, срце, мускули и нерви.

Калиумот кој се наоѓа во овој зеленчук го регулира отчукувањето на срцето, но и нервниот систем. Освен тоа, калиумот помага при бубрежните заболувања, опуштање на мускулната маса и намалување на отоци.

Иако содржат јаглехидрати, благите компири помагаат во регулирање на шеќер во крвта. Тие се богати со влакна, што значи го забавуваат испуштањето на гликоза во крвта и помагаат во регулирање на шеќерите.