На секоја жена барем еднаш ѝ се случило да ѝ задоцни менструалниот циклус. Веројатно, во овие случаи, првото прашање што си го поставувате е дали сте бремени.
Но, бременоста не е секогаш причина за доцнење менструацијата. Животните навики, стресот, исхраната и некои здравствени проблеми можат да го нарушат менструалниот циклус, а со тоа да предизвикаат доцнење на менструацијата.
Погледнете кои се 10-те причини за доцнење на менструацијата, освен бременост:
Инфекција
Инфекциите на матката или јајниците кои не се лекуваат навреме, можат да предизвикаат доцнење на менструалниот циклус.
Полицистични јајници
Друга причина за доцнењето на вашата менструација можат да бидат и цистите во јајниците. Овие цисти ја отежнуваат овулацијата, па можат да бидат и причина за неплодност. Во овој случај, најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог.
Миом на матка
Најчесто миомите на матката се карактеризирани со обилно и долготрајно крвавење. Сепак, тие можат да го нарушат менструалниот циклус и да предизвикаат нередовни менструации.
Лоша исхрана
Веќе знаете дека исхраната има големо влијание врз вашето здравје, вклучувајќи го и менструалниот циклус.
Исхраната сиромашна со белковини и витамини може да предизвика прекинување на менструацијата, бидејќи телото се обидува да заштеди енергија и крв.
Прекумерно вежбање и нагло слабеење
Иако вежбањето е важно, доколку претерате, можете да си направите проблеми.
И вежбањето и наглото слабеење водат до намалување на мастите во телото, поради што се намалува нивото на лептин и естроген во организмот. Ова може да резултира со доцнење на менструацијата.
Стрес
Честата изложеност на стрес може да ја наруши хормоналната рамнотежа во организмот, со тоа предизвикувајќи доцнење на менструацијата.
Болести на штитните жлезди и други здравствени проблеми
И болестите на штитните жлезди можат да влијаат врз хормоните во организмот, а со тоа и врз менструацијата.
Други можни причини за доцнење на менструалниот циклус се и лошата контрола на дијабетесот, проблеми со јајниците, како и бубрежна хиперплазија – нарушување кое може да влијае врз лачењето хормони.
Прерана менопауза
Кај жените помлади од 40 години може да се појави рана менопауза. Најчесто со менопаузата се појавуваат и други симптоми, како потење и вагинална сувост.
Спонтан абортус
Доколку менструалниот циклус ви доцни, а потоа се појави со обилно крвавење, причината може да биде и спонтан абортус.
Лекови
Некои лекови против згрутчување на крвта, некои видови аспирин, па дури и некои лекови на база на ибупрофен можат да влијаат врз менструалниот циклус.