Во текот на изминатото деноноќие беа регистрирани нови 198 случаи на заболени од Ковид-19 од извршени вкупно 3108 тестирања. Заболените се од: Скопје – 76, Куманово – 25, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица – по 5,Виница – 4 ,Неготино, Ресен и Берово – по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 1.
Регистрирани беа 333 оздравени пациенти, а 12 лица ја загубија со коронавирусот: 6 од Скопје (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), по 2 лица од Гостивар (58г и 70г), и по 1 починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г), Од пријавените, сите 12 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.
Според епидемиолошки анализи најмногу активни случаи за изминатите 24 часа има во: Скопје 5099, Куманово 900, Битола 725, Тетово 447, Прилеп 444, Охрид 406, Велес 382, Гостивар 286, Штип 251, Кичево 239, Струмица 226, Кавадарци 221, Ресен 178, Гевгелија 164, Кочани 155, Струга 140, Неготино 133, Виница 116 и Свети Николе 102.