Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот. Една сендвичара е затворена, откако било пријавено дека 16 лица за затруле јадејќи сендвичи.
Шеснаесет лица имале симптоми на труење со храна по консумација на сендвичи од сендвичара во Виница на 21 септември годинава. Од нив, петмина се хоспитализирани на Инфективно одделение во Штип.
Од државниот санитарен и здравствен инспекторат го потврдуваат настанот за кој веднаш е излезено на терен. Изречена е забрана за вршење на дејност и поставена лента на седвичарата БАГА во Виница.