Откако започна процесот на масовна вакцинација на населението во Македонија, дури 22 лица починале и покрај тоа што примиле вакцина против Ковид-19. Од Министерството за здравство информираат дека од починатите 17 се разболеле во првите 14 дена по примена прва доза од вакцината. Бројката на вакцинирани граѓани заразени со вирусот е 664.
– Од вкупниот број на заразени после вакцинација, 456 се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината. Од вкупниот број на починати лица (22), 17 се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината, информираат за една од нашите тв куќи.
Според најновото истражување кое го спровела Владата, 73% сметаат дека коронавирусот не постои, а само половина од испитаниците одговориле дека ќе се вакцинираат. 18% се неодлучни, а 28% изјавиле дека не размислуваат да се вакцинираат.