Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични за ручек или за вечера. Содржат голем број витамини и хранливи материи, а ќе ви помогнат и во варењето на храната.
Ако сакате да имате рамен стомак, тогаш овие три рецепти сигурно ќе ви се најдат и ќе сакате да ги подготвувате често.
Вегетаријанска супа за рамен стомак
Станува збор за вегетаријанска супа, полна со хранливи влакна и многу малку калории, која се подготвува за 20-тина минути.
Потребни состојки:
1 лажица маслиново масло;
120g исечкана тиква;
60g исечкан кромид;
1 поголем пашканат (исечкан и излупен);
2 чешниња исечкан лук;
Мало парче исечкан ѓумбир;
½ лажичка куркума;
½ лажичка мелен ким;
1 лажичка сол;
1l вода;
Коцка за супа;
400ml сос од домати;
120g исечкана блитва;
400g несолен сварен наут;
1 голема лажица оцет;
Малку исечкан магдонос.
Начин на подготовка:
Во големо тенџере се става малку масло, па се додаваат исечканата тиква, кромидот и пашканатот да се пропржат;
Зеленчукот се пржи околу 5 минути додека да омекне, па се додава лук, ѓумбир, куркума, ким и сол;
Состојките се пржат со постојано мешање, околу една минута;
Се додава вода, коцка за супа и сос од домати, па се остава да зоврие, по што температурата се намалува;
Супата се остава да крчка додека зеленчукот да омекне, околу 8 до 10 минути;
Се додава сечкана блитва и наут, и супата се вари уште 2 минути со постојано мешање;
Супата се трга од оган, па ѝ се додава оцет и магдонос и се сервира топла.
Кремаста супа со брокула
Ова е идеална супа за сите љубители на зеленчукот со силен вкус, како праз и целер. Се подготвува за 30 минути, а ќе добиете оброк за 6 лица.
Потребни состојки:
3 големи лажици несолен путер;
2 страка праз (измиени и ситно исечкани);
50g ситно исечкан целер;
1 чешне лук (ситно исечкано);
1 брокула со средна големина;
800ml вода;
Коцка за супа (растителна);
½ лажичка мајчина душица;
1 лажичка сол;
50ml слатка павлака;
4-5 страка зелен кромид (ситно исечкани).
Начин на подготовка:
Во големо тенџере на средна температура се става путерот да се стопи, па се ставаат празот и целерот за да се пропржат додека да омекнат, околу 6-8 минути;
Се додава лукот и се остава да се пропржи околу 1 минута;
Се додава вода и коцка за супа, се ставаат и цветчињата брокула, па се намалува температурата на ринглата;
Супата се остава да се вари околу 12-тина минути додека да омекне брокулата, па се додава мајчина душица и сол;
По ова, супата се става во блендер за да се испасира (ако треба и во неколку наврати);
Се отвора блендерот и се додава слатка павлака, па повторно се блендира накратко, додека да се измешаат состојките;
Се декорира со ситно исечкан млад кромид и се сервира.
Супа од грав и сланина
Станува збор за големо количество супа кое ќе можете да го јадете и следниот ден. Се подготвува за околу 30 минути, а сигурно ќе ви се допадне.
Потребни состојки:
2 големи лажици маслиново масло;
100g кромид (ситно исечкан);
1 морков (ситно исечкан);
30g целер (ситно исечкан);
2 чешниња лук (изрендани);
Неколку гранчиња магдонос (ситно исечкани);
1 мала лажичка мајчина душица;
1 лажица сол;
800ml вода;
Коцка за супа;
800g сварен бел грав (2 тегли);
50g исечкана сланина;
50g исечкана свежа зелка;
1 голема лажица вински оцет.
Начин на подготовка:
Маслото се загрева во поголемо тенџере и се додава кромид, морков, целер и лук;
Зеленчукот се пржи со повремено мешање додека да омекне, па се додава магдонос, мајчина душица и сол;
Се додава вода, коцка за супа и процедениот сварен грав, па се остава супата да зоврие, по што се намалува температурата;
Се додава сечкана сланина, па тенџерето се покрива и се остава да се вари околу 10-тина минути;
Се додава сечкана зелка и оцет и се вари уште 5 минути.