Без разлика дали сте вегани или не, овој намаз е толку вкусен што ќе им биде омилен на сите во семејството. Исто така, може да ви послужи и за престојни пости како брз појадок или ужинка.

Ако не сте запознаени со користењето тофу, можете да го најдете прилично лесно во повеќето продавници за намирници и да пробате за да видите дали ќе ви се допадне.

За овој рецепт се користи чадено тофу.

Потребни состојки:
2 лажици растително масло;
1 кромид, исецкан на коцки;
3 чешниња лук (по избор и вкус);
250g печурки, сецкани;
185g чадено тофу (сирење од соја);
⅔ шолја печени ореви;
½ лажица соја сос;
1 лажичка сенф;
½ лажичка мешавина од зачини/билки по избор;
1 лажичка балсамико;
сол и црн пипер.

Начин на подготовка
Маслото се става во тава, се додава кромид и се пржи 5 минути;
Се додаваат чешнињата лук и печурките и се пржат уште 10-тина минути, со повремено мешање;
Смесата се префрла во блендер и се додава остатокот од лукот, чаденото тофу, оревите, соја сосот, сенфот, билките, оцетот, солта и црниот пипер и се блендира додека не се добие саканата текстура;
Намазот се префрла во друг сад и се става во фрижидер, да отстои најмалку 15 минути пред да го послужите.