Синоќа во Вараждин, Хрватска се случи голема трагедија. Млада родилка на 32 годишна возраст почина од Ковид-19 во болница во текот на ноќта откако се породила.
Директорот на болницата Ненад Куделиќ вели дека состојбата во таа институција е сè уште тешка.
-За разлика од претходниот бран кога бевме меѓу првите во Хрватска, во овој бран заостануваме околу 10 дена од остатокот на Хрватска. Во текот на април, забележавме линеарно зголемување на хоспитализацијата на пациентите во болничкиот систем. Во последните 5-6 дена, бројот се стабилизира на 170-180, што е помалку отколку во претходниот бран, но клиничките слики се многу потешки, рече тој, додавајќи дека имало помалку луѓе на респиратор во претходните бранови.
За 32 годишната родилка тој изјави дека починала поради компликации од тешка пневмонија.