Сè помалку млади се решаваат да станат родители на рани години, но дали тоа е правилна одлука?

Истражувачите од разни земји се заинтересирале за прашањето дали ова има некаква врска и поврзаност со интелигенцијата на детето и дошле до прилично интересни заклучоци.

Откритие дека уште пред детето да се роди, на неговата интелигенција и емоционална свесност влијаат 4 фактори.

1. Интелигенцијата зависи од годините на родителите.

Секоја нова личност е родена со еден вид на мутација. Децата имаат околу 70 мутации кои нивните родители ги немаат. Повеќето од нив се носат преку сперматозоидите, а не јајце клетката.

Па, колку што е повозрасен таткото, толку повеќе мутации му пренесува на детето.

Но, работите се малку поинакви кога се работи за годините на мајката. Истражувањата покажале дека колку што мајката е повозрасна, толку интелигенцијата на детето е поголема.

Се докажало дека не се работи само за гените, туку возраста на мајката е тесно поврзана со социјалните фактори – подобро образование, поголемо искуство, знаењето што точно сакаат…

2. Генетските тестови се добра идеја, дури и ако немате никаква болест

Пред да останете бремени не би било лошо да се тестирате за генетски мутации кои можеби ги носите, а не сте ни свесни.

Тие значително може да влијаат на понатамошниот развој на плодот и детето, откако ќе порасне.

3. Развојот на детето е поврзано со тоа колку мајката била загрижена за време на бременоста

За нервниот систем на детето да се развие правилно, важно е да не се претерува со стрес и анксиозни мисли за време на бременоста.

Во текот на повеќе истражувања дојдено е до заклучок дека мозокот на бебето во утробата на мајката подобро се развива ако мајката научи како да го контролира стресот.

4. Нивото на стрес исто така влијае на интелигенцијата на детето

Во минатото се верувало дека темпераментот е нешто со што детето се раѓа и на него ништо не може да влијае. Но, сега овој концепт се менува.

Стручњаците откриваат дека развојот на фетусот во матката е тесно поврзан со стресот кој мајката го чувствува.

Доколку плодот во стомакот го честопати го чувствува порастот на бројот на срцеви отчукувања, откако ќе се роди може да има зголемени шанси за хиперактивност.