Сигурно нема потреба да ви кажуваме колку е важна физичката активност за вашето здравје.

Но, натрупаниот распоред ретко ви дозволува да одвоите време за вежбање. Многу често се грижите за физичкото здравје, додека менталното го запоставувате. Знаете дека вежбањето е добро за физичкото, но знаевте ли дека помага и за вашето ментално здравје?

Истражувањата покажале дека редовното вежбање го подобрува менталното здравје и сликата која ја имате за себе. Тоа ќе ви помогне да ги намалите симптомите на анксиозност и депресија и ќе ја подобри вашата способност за размислување.

Овие 5 физички активности се совршени за моментите кога му е потребен одмор на вашиот ум.

Јога

Јогата помага да се поврзете со вашите сетила и да станете свесни за вашите тело и ум. Едноставно ќе се запознаете подобро додека го зајакнувате и издолжувате вашето физичко тело. Јогата исто така резултира со промена во нервниот систем. Одвојте неколку минути дневно за некои јога вежби кои ќе го смират вашиот ум и ќе го опуштат вашето тело. Уште веднаш ќе ја забележите разликата.

Тренирање со голем интензитет

Овој напорен тренинг го стимулира лачењето ендорфин кој пак ќе направи да се чувствувате позитивно и неколку денови подоцна. Овие тренинзи се толку предизвикувачки што не ви овозможуваат да размислувате за ништо друго освен за вежбата која ја изведувате. Додека вежбате ќе се ослободите од сите грижи и стравови и тоа многу лесно.

Импровизирано танцување

Танцувањето остава насмевка на сечие лице, а можете да танцувате речиси секаде. Танцувањето ја зголемува вашата самодоверба и е многу препорачливо за лицата кои страдаат од анксиозност и депресија. Слободното движење на телото е навистина терапевтско, а нема ни да почувствувате дека вежбате. Па, пуштете си ги омилените песни, мрднете го телото и ослободете се од сите грижи.

Долги прошетки

Пешачењето е одлично доколку не сте навикнати на никаква рутина за вежбање. Но исто е добро и ако редовно ја посетувате теретаната. Долгите прошетки ќе ви помогнат да се ослободите од симптомите на депресија и ќе го подобрат вашето ментално здравје. Покрај тоа, за време на пешачењето се подобрува вашето расположение. Па, кога ќе се чувствувате лошо, викнете пријател или земете ги слушалките и прошетајте.

Прошетки по шумски предели 

Опкружувањето сорастенија, дрва и природа може да ја намали анксиозноста. Не само затоа што ги полните белите дробови со кислород, туку и поради тоа што растенијата емитуваат хемикалии кои ќе ги смират вашите мисли. Па, ако сакате да го преместите вашето вежбање надвор, прошетката во природа е одличен избор.

Грижата и свесноста за менталното здравје е важна, а вежбањето е одличен начин да го контролирате. Одвојте време за себе и работете на вашите тело и ум.