Пациентите кои страдаат од висок притисок, покрај редовна терапија, треба да внимаваат на исхраната и да не јадат масна и пржена храна.

Но, на списокот на забранети намирници има и овошја и зеленчуци кои често се дел од оброците.

Прочитајте кои се тие:

Неизлупен компир

Некои видови компири може да се приготвуваат и без да се лупат. Се работи за младите компири и за оние кои имаат тенка лушпа. Но, ако во семејството имате лице со висок притисок, или пак вие страдате од него, најдобро е да го излупите секој компир, па дури и да оставите кратко да отстои во свежа вода, па потоа да го подготвувате.

Грав

Обичниот грав подготвувајте го со што помалку сол, а повеќе зачински билки. Конзервираниот грав обидете се воопшто да не го користите, но ако веќе мора, убаво измијте го под млаз ладна вода, за да се измие солта од него.

Грејпфрут

Грејпфрутот е здрав за сите, освен за оние со хипертензија. Ова овошје, всушност, никако не смее да се комбинира со лековите кои ги пиете за намалување на притисокот.

Сосови

Кечап, мајонез, сенф, готови сосови за тестенина, инстант сосови… Содржат и сол и шеќер, што е погубно за лицата со висок притисок.

Бисквити

Иако имаат неутрално сладок вкус, во процесот на подготовка се додава и сол и шеќер. Кога купувате, задолжително читајте ги декларациите за да знаете што содржат бисквитите.