Ова се неколку знаци дека вашата сестра ви е најдобриот пријател:
1. Секогаш кога ќе се случи нешто, таа дознава прва
Не е важно дали е добра вест или пак лоша вест или нешто неважно, сестрата секогаш прва ќе дознае што ви се случува во животот.
2. Секогаш ја фалите пред пријателите
Всушност, подобро е да се каже дека зборувате за неа со секого. Сакате сите да знаат колку е вашата сестра кул.
3. Единствено од неа очекувате искреност
Сите други луѓе ќе ви ласкаат, но таа секогаш ќе биде искрена со вас, секако, за ваше добро.
4. Секогаш се забавувате заедно
Сè додека сте заедно, без разлика што правите, секогаш се забавувате. Ресторан? Кино? Сосема е неважно додека сте заедно.
5. Расправиите ви се страшни, но завршуваат за неколку минути
Најлесно е да се расправаме со луѓето кои ни се најблиски. Во еден момент ќе викате на својата сестра, а веќе следниот ќе се прегрнувате и ќе си кажувате колку се сакате