Со некои луѓе е многу лесно да бидете во врска затоа што тие се отворени, опуштени и грижливи. Но, има и такви со кои е тешко да бидете во врска. Не е дека тие се лоши или неверни личности, туку едноставно имаат тенденција да ги направат работите покомплицирани. Според астрологијата, да бидете во врска со некој од следните хороскопски знаци може да биде навистина голем предизвик.
1. Близнаци
Близнаците се променливи личности, понекогаш немаат насока и не можат да останат посветени на една работа или на една личност долго време.
Овие личности може да почнат да се чувствуваат задушено, досадно и нервозно. Тие се одлични кога нивната врска е стимулативна, но кога работите ќе станат рутински, тоа може да стане предизвик и за нив и за нивниот партнер.
Додека другите можеби сакаат стабилна врска, тоа не е доволно возбудливо за Близнаците.
2. Стрелец
Стрелците сакаат да запознаваат нови луѓе и оставаат фантастичен прв впечаток, но може да биде предизвик за нив да бидат во долга врска.
Тие може да имаат премногу самодоверба и да сметаат дека секој проблем во врската е поради нивниот партнер.
Стрелецот понекогаш ги земаат здраво за готово и луѓето и работите, што може да доведе до проблеми. Овие личности може да бидат нетрпеливи и ако некој проблем бара повеќе време за решавање, тие нема ни да се потрудат да го решат.
3. Бик
Бикот може да биде тврдоглав и понекогаш има проблем со луѓето кои не се согласуваат со него или имаат различни верувања од неговите.
Овие личности ретко прават компромис, а токму правењето компромис е многу важно во една врска.
Биковите понекогаш не го прифаќаат гледањето на работите од друга перспектива и нивниот став може да го отежни односот со партнерот.
4. Водолија
Водолиите се многу емпатични кон емоциите на другите луѓе. Но, тие бараат емпатичност и кон своите чувства. Ако нивниот партнер сака да ги изрази своите чувства, а Водолијата не е отворена за тоа, партнерот може да се чувствува незабележано.
Не е дека Водолиите не се грижат, но не се секогаш заинтересирани за чувствата што им ги изразува некој друг. Овие личности едноставно не знаат што да прават и наместо да понудат емотивна поддршка, тие се дистанцираат.
5. Шкорпија
Шкорпиите сакаат страсно и нивните чувства брзо стануваат интензивни, па затоа може да биде предизвик да бидете во врска со нив.
Тие може да бидат грижливи и приврзани и одеднаш може да станат љубоморни и да ве повредат. Скорпиите се многу почувствителни отколку што треба, па токму затоа реагираат одеднаш и неочекувано.
Исто така, може да биде тешко да го откриете коренот на проблемот на Скорпијата бидејќи овие личности ги кријат своите чувства и се мистериозни.
6. Риби
Рибите имаат тенденција да глумат жртва кога се чувствуваат заробено.
Исто како кај Скорпијата, емоциите може брзо да ескалираат кај Рибите и токму поради тоа луѓето чувствуваат дека треба да се однесуваат многу внимателно со припадниците на овој хороскопски знак.
Ако Рибите не се расположени, тие се екстремно песимистички настроени и се прашуваат зошто треба да вложуваат напор кога врската е веројатно завршена. Штом еднаш ќе бидат повредени, на Рибите им е тешко да се потрудат да ги решат проблемите во врската.