Древните Кинези биле оние кои први го почнувале денот со чаша топла вода.

Температурата на истата не смее да преминува 50 степени Целзиусови.

Кои се главните придобивки од оваа секојдневна навика и зошто да го започнете денот со чаша топла вода со лимон?

Помага во слабеењето

Чаша топла вода со лимон го забрзува метаболизмот и во текот на денот телото ќе потроши повеќе калории.

Ги чисти синусите

Чаша топла вода може да помогне при инфекции на горните дишни патишта.

Ги чисти и отвора дишните патишта, а заради топлината ќе дојде до побрзо на чистење на слузот.

Помага за забите

Претопла вода може да ја оштети забната глеѓ, па затоа гледајте да е на собна температура.

Некои пломби може да се соберат и одвојат од забите заради ладна вода.

Одлична е за варење на храната

Ги шири крвните садови и го забрзува протокот на крвта кон цревата, па на тој начин помага во варење на храната.

Ги чисти токсините

Ја подигнува температурата на телото и предизвикува потење, а низ потта ги излачуваме штетните супстанци од телото.

Ако додадете и малку лимон, ќе воспоставите рамнотежа на киселините кои ги внесувате со храната.

Ги намалува болките

Топлата вода го стимулира протокот на крвта кон ткивата и овозможува опуштање на мускулите. Ова помага кај различни типови на болка – од менструални грчеви до болки во зглобовите.

Дополнително, чаша топла вода пред спиење помага за полесно да заспиете и да се чувствувате сити.