Во Скопје во моментов активни се 659 случаи на коронавирус, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери.

Тој рече дека најголем број активни случаи има во Општина Чаир – 169, во Бутел – 63, во Гази Баба – 61, во Аеродром – 57, во Сарај – 56, во Карпош – 45, во Кисела Вода – 35, во Арачиново – 23, во Студеничани – 19, во Илинден – 18, во Ѓорче Петров – 20, во Шуто Оризари – 17, во Петровец – 6, во Чучер Сандево – 3, во Сопиште – 2, а во Општина Зелениково досега нема ниту еден регистриран.

Од вкупната бројка на заболени во Скопје, како што рече Зибери, се регистрирани 1.332 случаи и 40 починати.

-Од сите активни случаи на територија на Скопје, многу важно е да се напомене дека 60 отсто од заболените, односно 360 лица се асимптоматски носители на вирусот, рече Зибери.

Додаде дека прават скрининг во градинки и домови за стари лица, каде што биле регистрирани неколку случаи.

Зибери апелираше да се почитуваат мерките, бидејќи само на тој начин ќе излеземе од оваа ситуација.