По масовните протести во Кина поради нултата толеранција кон Ковид-19 и строгите анти-ковид мерки, повеќе кинески градови делумно ги намалија ограничувањата против коронавирусот. Во меѓувреме кинеската полиција патролира по улиците за да спречи протести.

Гуангжу на југ, Шиџиажуанг на север, Ченгду на југозапад и други големи градови објавија дека ги ублажуваат задолжителните мерки за тестирање и контрола на движењето. Во некои области, пазарите и автобуските линии се повторно отворени. Со силно полициско присуство досега немало знаци на протест.

На социјалните мрежи беше објавено дека полицијата по случаен избор ги запира луѓето да ги провери нивните телефони, веројатно барајќи забранети апликации како Твитер.

Властите во текот на вчерашниот ден пријавија 36.061 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, од кои 31.911 без симптоми.