Џвакајте ѓумбир или напијте се чај од ѓумбир. Докажано е дека ѓумбир е ефективен природен лек при нагони за повраќање, гасови, подуеност и стандардна болка во стомакот. За најбрзи резултати, едноставно земете парче ѓумбир и џвакајте го. Доколку не можете да го поднесете силниот вкус на ѓумбирот, не мора да го консумирате сиров, туку направете си чај од ѓумбир.
Почестете се со чај од нане. Нашите баби и мајки имаа право, чајот од нане е спасител при болки во стомакот, подуеност и грчеви.
Или пак со чај од камилица. Ако не ви се допаѓа чајот од нане, можете да го замените со чај од камилица. Смирувачкото дејство на камилицата ќе ве релаксира и вас и вашиот стомак.
Одете на прошетка. Не легнувајте веднаш по обилен оброк. Победете ја потребата за мрзеливо излежување и одете на лежерна прошетка. Движењето ќе му помогне на телото полесно и побрзо да се справи со консумираната храна.