Доколку имате недостаток на витамин Е, ова се симптомите на кои треба да внимавате

Повеќето луѓе не страдаат од недостаток на овој витамин. Но, тој обично се јавува кај оние кои не можат да ги апсорбираат хранливите материи од храната, како што се луѓето…

Повеќето луѓе не страдаат од недостаток на овој витамин. Но, тој обично се јавува кај оние кои не можат да ги апсорбираат хранливите материи од храната, како што се луѓето кои страдаат од Кронова болест или цистична фиброза. Но, според лекарите, доколку имате недостаток на витамин Е, постојат клучни симптоми на кои треба да им посветите внимание:

Слабост: Ако не внесувате доволно витамин Е, вашите мускули страдаат од оксидативен стрес, што доведува до слабост.

Вкочанетост: Недостатокот на витамин Е може да предизвика периферна невропатија, односно вкочанетост на рацете и нозете.

Проблеми со координација: Друг несакан ефект од недостаток на витамин Е во телото е лошата координација. Имено, недостатокот на овој витамин може да доведе до разградување на одредени неврони во мозокот кои се клучни за контрола на движењето.

Оштетување на видот: Светлосните рецептори во мозокот може да се оштетат ако не внесувате доволно витамин Е преку храната. Ова може да доведе до оштетување на видот со текот на времето, најчесто до заматување.

Ослабен имунитет: Кога имунолошкиот систем не функционира правилно, на телото му станува потешко да се бори против инфекции и болести. Витаминот Е е клучен за помагање на имунолошкиот систем, бидејќи го поддржува растот на Т-клетките кои помагаат во борбата против инфекциите.

Витамин Е претставува антиоксиданс одговорен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и за одржување на здрави очи и кожа. Храна богата со витамин Е вклучува: ореви, кикиритки, житарици, зрна од соја, грав, јајца, ладно цедените масла, како и одредено овошје и зеленчук – авокадо, грозје, праски, брокула, домати, капини. Свежите, необработени хранливи продукти се исто така најбогати со витамин Е.


Related Articles