Затуроска: Министерството за здравство се користи како алатка од каде што се обезбедуваат дополнителни суми за незнајни цели и одредени џебови

Лилјана Затуроска, пратеник од редови на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“, при заседавање на седница за пратенички прашања, се обрати до заменикот министер за здравство, на кој му рече…

Лилјана Затуроска, пратеник од редови на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“, при заседавање на седница за пратенички прашања, се обрати до заменикот министер за здравство, на кој му рече дека веќе влегуваат во 3-та година заедно со министерот како имате едно од најважните министерства во Владата на Република Македонија.

Бидејќи носите политики и стратегии кои што се исклучителни важни и се поврзани за здравјето на граѓаните, но за жал во вашиот мандат пациентот е ставен на сериозно ниско, незавидно ниво. Искрено овој мандат министерството за здравство се користи на некој начин само како алатка од каде што ќе треба да се обезбедат дополнителни суми, средства кои ќе се искористат за незнајни цели или ќе завршат во одредени џебови, нагласи Затуроска.

Затуроска појасни дека голема заинтересираност предизвика сумата што планираат да ја потрошит на новиот Клинички центар и искрено граѓаните запрашуваат, што чудо ќе беше ова каков Клинички центар ќе биде тоа, да не е случајно некое си чудо од вселената, да не биде како вселенски брод кој што ќе лебди во просторот па наместо болните пациенти да доаѓаат до Клиничкиот центар можеби тој ќе се движи до Штип, до Струмица, до Охрид, до Струга. Затоа што се работи за 480 милиони евра.


Related Articles