По медиумите проструи информација дека јавно – приватното партнерство „пукна“ и како во народната секое чудо за три дена така и со ова дадено ветување на министерот Филипче кое како и сите дадени во минатиот период е неиздржано и ваквите празни ветувања само го носат здравството и здравствениот систем во Македонија во пропаст и се подолу.

Чадиковски излезе во јавност и потврди дека неговата оставка е веќе депонирана и иако има отказен рок од три месеци, се надева на спогодбено заминување од клиниката пред тој рок.

Чадиковски вели дека оставката ја поднел бидејќи ниту клиниката Жан Митрев, ниту Министерството за здравство не го почитувале договореното.

Чадиковски со тим од осум луѓе од државната детска кардиохирургија, на први февруари почна да работи во клиниката Жан Митрев, по принципот на јавно-приватно партнерство на државата со болницата Жан Митрев.

Целта беше децата да ги добијат сите стандарди што не беа овозможени на детската кардиохирургија.

Се очекува, по оставката на Чадиковски од клиниката Жан Митрев да замине целиот негов тим.

Неофицијално, се преговара со приватната болница Систина, проектот за детска карди-хирургија да се пресели таму.