Интензивниот ритам на живот доведува до тоа дека многу од секојдневните проблеми можат да се решат преку добар и здрав сон. Во зима ненаспаноста е уште поопасна, бидејќи во овој период од годината организмот е изложен и на други промени, кои во никој случај не одат во корист на здравјето.
Уште одамна е потврдено дека ноќниот одмор ги штити нервните клетки од пренапрегнување. При постојана мозочна агитација работата на психата се нарушува. Имено, лошиот сон е и една од причините за депресијата .
Непотполен одмор и неквалитетен сон води до зголемена анксиозност, намалување на концентрацијата и иритација.
Работоспособноста опаѓа, се појавува главоболка, а неквалитетниот сон може да доведе и до неправилна активност на срцето или да се зголеми крвниот притисок.
Експертите препорачуваат неколку проверени начини кои можат да помогнат да си го обезбедиме потребниот и прекрасен одмор на телото во текот на ноќта:
– спијте и будете се во исто време дури и во време на викендите
– Не легнувајте пред да бидете сигурни дека ви се спие, за да не се вртите во кревет
– Ако не можете да заспиете веднаш, станете и земете во рака некоја досадна книга
– Не задремувајте пред вклучен телевизор
– Оставете си време да се релаксира пред спиење. Малиот екран не е најдобар избор. Одделете си време да се оддалечите од секојдневните проблеми. Послушајте музика пред спиење
– – Избегнувајте кафе и чај навечер
– Не се преценувајте. Ако не ви стигнуваат силите за да постигнете сè во еден ден, запрашај се дали ќе успеете да се справите со последиците од ненаспаност
– Создадете си ритуал пред заспивање, навики кои ќе ги практикувате секоја вечер. Така организмот сам ќе се ориентира дека сега е време за спиење
– Сонот е подобар, кога во собата е темно и ладно. Редовно проветрувајте пред спиење
– Доколку сте подложни на инсомнија, не посегнувајте по антидепресивите. Тие треба да се прифатат и консумираат само под строга лекарска контрола. Напротив, ориентирајте се кон препарати кои содржат комбинација од природни аминокиселини. Тие го подобруваат сонот, го намалуваат психичкиот замор и го олеснуваат апсорбирањето на нови информации