Прстите ви се згрчуваат, бидејќи циркулацијата ви е лоша. Проблемот е што не постојат доволно мускули кои би ги одржувале нозете топли, па се смрзнуваат многу брзо.
Барем малку да им олесните, внесете во организмот намирници кои влијаат на забрзување на циркулацијата, како што се рибино масло и ѓумбир. Намалете ја количината на кофеин, а зголемете ја дозата на цитруси.
Магнезиумот е секогаш добро решение, па можете да го внесувате по пат на свежи намирници, како што се банани, блитва или суплементи.
Секоја вечер пред спиење масирајте ги стапалата со масло од рузмарин, а секоја втора вечер „потопувајте” ги во кадичка. Во една сипете топла вода, а во друга ладна и потоа наизменично ставајте ги нозете во првата, па во другата.
Важно е да внимавате постапката секогаш да ја почнувате и завршувате со топла вода, бидејќи само така ќе го постигнете посакуваниот ефект. Секој дел од оваа „сеанса” треба да трае 30 секунди.