Словенечката „Нова 24“ ТВ, потенцира дека реномираната шведска здравствена компанија која и покрај лагите на Ден Дончев и на Венко Филипче влезе во Македонија, сега е под постојан притисок за изнуда од страна на државата откако е влезена во македонската компанија „Диамед“. И двајцата и Дончев и Филипче се уште се функционери! Заев, Русковска, дали ова е потврда за месечните транши кои што завршувале кај благајник во струмичко?!, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Стоилковски запраша дали некој ќе одговори дали Заев, или пак можеби Русковска, дали е вистина дека шведската компанија е под притисок за рекет, како продолжение на случајот „Рекет 2“?
-Зоран Заев знаел за „Рекет 2“ на Дончев и на Филипче но не го пријавил кај Русковска, сега има кривична против Ден Дончев, против Филипче која што се прошири, и со кривична против Кичеец. Ама Заев се уште ги чува Ден Дончев и Венко Филипче на своите функции. Русковска која што го води случајот, се уште не побарала овие двајца функционери, високи функционери, како директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, и како министер за здравство во Владата на Република Македонија да бидат отстранети од своите позиции за може да има вистинска истрага за „Рекет 2“, притоа да не вршат притисок врз сведоци или пак да менуваат докази. Или пак можеби да побегнат. Странски инвеститор, светски гигант е под притисок за рекет, ама Дончев и Филипче се уште се функционери!, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
-„Рекет 2“ се крие и октоподот на власт смета дека ќе помине неказнето и без голема помпа во јавноста. Според проширена Кривична пријава, Ден Дончев Директор на ФЗОМ добро се знаел и ги користел услугите на Кичеец. Преку него барал да биде сопрена продажбата на приватната компанија и да се сопре влез на светски здравствен гигант во Македонија, во спротивно Кичеец во име на Ден Дончев барал половина од парите од продажбата. Поранешната сопственичка на продадената „Диамед“, Вера Иванова, тврди дека еден ден пред продажбата на компанијата на Швеѓаните, имала средба по барање на Зоран Милески Кичеец, на која тој, во името на Ден Дончев, од неа побарал половина од парите од продажбата, посочи Стоилковски и подвлече:
„Епа Ден Дончев, дали сега ќе свикаш прес и ќе тврдиш дека го знаеш Кичеец „Од телевизија ли“,„од Град ли“ и дека си немал контакти и соработка со него? Иванова која поднесе кривична пријава против Ден Дончев и Венко Филипче, а сега и против Кичеец, вели дека и било кажано дека ако веќе била продадена компанијата и нема враќање назад, да им отстапи половина од парите од продажбата, или цитирам „во спротивно ќе ми ги пуштат ОЈО и Финансиска полиција и ќе ми ги земат сите пари од продажбата. Јас одговорив дека не доаѓа предвид ниту една варијанта, а подоцна од медиумите дознав дека почнале истрага против мене“ – сведочи Вера Иванова.“
Како што изјави Стоилковски словенечки медиум, чиј што новинар ја објавува приказната тврди за постоење докази дека Кичеец присуствувал на најмалку три состаноци во канцеларијата на Ден Дончев.
„Зоране Заев, Ден Дончев пуштил абер дека ако не добие пари ќе има истрага и ден потоа започнува истрага против компанијата која сега е продадена. Уште ли ќе го чуваш Ден Дончев, уште ли ќе го чуваш Венко Филипче до тебе? Словенечките медиуми, покрај претходно германските медиуми, претходно и италијанските медиуми пишуваат за министерско – обвинителската спрегата во октоподот на власт во Република Македонија, и смета дека е спорно токму тоа што предметот за „Рекет 2“ ѝ е доделен на Русковска, за која се вели во словенечките медиуми дека е „позната по контроверзните одлуки на штета на опозицијата и во корист на македонската влада. Благодарение на неа, членовите на македонската влада се практично недопирливи за судовите“ – пишуваат словенечки медиуми.“
-„Рекет 2“ не смее да помине неказнето. „Рекет 2“ е огромен скандал кој што се проширува, е скандал кој што ги надминува границите на Република Македонија. „Рекет 2“ е огромен скандал кој што власта и октоподот се обидуваат да го прикријат, но за него ќе се одговара. Одговорност ќе има!, рече Стоилковски.