Научниците откриле дека живот во близина на природа има повеќе влијание врз менталното и целокупното здравје отколку работата и висината на платата. Се покажа дека најголемо позитивно влијание имаат зелените површини кои се наоѓале 300 метри од куќата.
Луѓето кои во градските средини живеат опкружени со зеленило се посреќни и позадоволни, покажа истражувањето спроведено на неколку универзитети во Велика Британија.
Користејќи ги податоците за 25.518 жители на Лондон, научниците откриле дека живот во близина на природа повеќе влијание врз менталното и целокупното здравје отколку работата и платата. Авторите на студијата истражувале колку е потребно зеленило во опкружувањето за позитивно да влијание врз нас.
За да се утврди врската помеѓу погледот на природата и трите аспекти на менталната благосостојба, среќа, личните вредности и задоволство, користеа нови истражувачки техники.
Се покажа дека најголемо позитивно влијание имаат зелените површини кои се наоѓале 300 метри од куќата.