Ќе одат ли просветните работници на генерален штрајк од понеделник?
Иако се очекуваше да има конечно решение, Владата ниту денеска не најде време да одлучува по барањата на СОНК, а најава дека тоа ќе се случи до крајот на неделава засега нема. До понеделник надлежните треба да одлучат дали наставниците ќе добијат повеќе од 10 отсто покачувње и дали истото ќе важи наместо од април од јануари.
Во спротивно, просвестарите в понеделник ќе пристап на генерален штрајк- со целосен прекин на наставата.
Претходните две средби меѓу синдикатот и владата завршија без договор иако двете страни тврдеа дека се блиску до решение.
Просветните работници сметаат дека зголемувањето на нивните плати треба да биде поголемо затоа што со новото покачување на минималецот ќе се случи урамниловка. Од Владата пак посочија дека се свесни дека примањата во образованието се ниски, но дека капацитетите се тие и нивната понуда е 10 проценти покачување и тоа од април.
Освен за повисоки плати просветарите се борат и за воведување на к-15 , почитување на колективните договори, исплата на прекувремените работни часови.
Сонк организираше предупредувачки штрајк и на првиот училишен ден поради што учебната година започна со еден ден задоцнување.
Според податоците платите во основното и средно образование се движат од 22 до 24 илјади, а во високото образование се околу 30 илјади денари.