50 бебиња починале годинава од вкупно 4135 раѓања на клиниката за гинекологија. 88 проценти од починатите биле бебиња родени пред 27 недела од бременоста.
Клиниката вчера го одбележува светскиот ден на предвреме родените бебиња а надлежните тврдат дека процентот на смртност се намалува. Најмалото бебе за кое лекарите се грижат на интезивна нега е родено во 24 недела.
-Изминатите три години повеќе од половина е преполовена и стапката на преживување на новороденчиња. Ако пред три години починуваа 35 на 1 000 родени, сега е бројката е намалана на 16 новороденчиња на 1 000 живородени. Смртноста што ја имаме сега 80 проценти отпаѓа на новороденчиња под 28 гестациска недела и под 1 000 грама, изјави Елизабета Петковска, началник на Одделението за интензивна нега и терапија при ГАК.
На гинекологија во тек е набавката на 3 високофреквентни апарати за механичка вентилација.
-Владата обезбеди набавка на 25 инкубатори, со која значително се релаксира работата за персоналот, а уште поважно се обезбедија доволно современи инкубатори. Повеќе нема сместување на две бебиња во ист инкубатор со што се спречија дополнителниот ризик од инфекции и другите компликации за здравствената состојба на предвреме родените бебиња, посочи Јовановска, изјави Викторија Јовановска, директорка на ГАК.
Најчести аномалии кај предвреме родените бебиња се губењето на слухот и видот за што е потребна соодветна опрема за рана детекција. Позната бизнисменка токму ваков апарат донирала по својот пораѓај на клиниката. Средношколката Екатерина сведочи за успешна операција откако го загубила слухот поради предвременото доаѓање на овој свет. Таа ќе конкурира за работа на клиниката каде ќе може да даде свој придонес во третирањето на овие бебиња.
Годишно околу 600 бебиња предвреме се раѓаат и за нив се потребни најдобрите услови порачаа премиерот.
– Да им обезбедиме услови на малите борци да ги добијат неопходните услови во одделенијата за интензивна нега со соодветна топлина, поддршка за прихрана и основна грижа за инфекции и тешкотии во дишењето. Во развиените земји речиси сите овие бебиња преживуваат. Нашата намера е Северна Македонија да е една од тие земји, смета премиерот Зоран Заев.
– Сегашните резултати се исклучително значајни. Да се намали смртноста на повеќе нивоа во однос на перинаталниот и ранонаталниот период навистина се гледа ретко. Ќе продолжиме да инвестираме и во човечкиот капитал, едукациите, зголемување на примањата на здравствените работници затоа што само добро стимулирани лекари и медицински сестри може да значи добар успех во работата, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
На одбележувањето беа присутни 40 дечиња поранешни пациенти на клиниката кои биле предвреме родени. Тие заедно со првата дама и сопругата на премиерот уживаа во забавата која им ја приредија на клиниката каде специјални гости беа и познати естрадни уметници.